Џонсон тврди дека наскоро ќе ја прими вакцината АстраЗенека

од Берта Китинска

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека многу бргу ќе ја прими вакцината „АстраЗенека“, изразувајќи верба во вакцината која беше суспендирана во некои европски земји по извештајот дека предизвика формирање на тромби, пренесува Фена.

Неколку земји-членки на ЕУ продолжија да ја суспендираат употребата на вакцината, изработена од Универзитетите во Оксфорд и АстраЗенека, но британскиот регулатор на лекови рече дека нема докази за причинска врска помеѓу извештајот за згрутчување на крвта и вакцината.

На прашањето дали некои европски земји ги игнорирале научните докази, Џонсон рече: „Најдоброто што можам да го кажам за програмата за вакцинација во Оксфорд / АстраЗенека е што конечно добив шанса да се вакцинирам со неа. Ќе се вакцинирам многу бргу“.

Слични содржини