Џонсон запрашан дали смета дека Путин е убиец: „Видовте што се случи со неговиот најголем противник“

од Stefanija Kuzmanovska

Новинар на Си-Ен-Ен го праша британскиот премиер во Корнвол на самитот на Г7 дали смета дека рускиот претседател е „убиец“.

„Секако мислам дека претседателот Путин направи бескрупулозни работи и сум прилично сигурен дека ги одобри труењата во Солсбери“, рече Џонсон.

„Видовте што се случи со неговиот водечки противник, Алексеј Навални, кој е во затвор под измислени обвиненија“, рече Џонсон, пренесува „Блиц“.

Тој исто така оцени дека американскиот претседател на САД, Џо Бајден, кој ќе се сретне со рускиот претседател на 16 јуни на самитот во Женева, ќе му пренесе на Путин некои „остри пораки“.

Слични содржини