Џордан се симна од јахтата, Хрватите го прегрнуваат и бакнуваат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња, моментално е на одмор и ужива во шармот на јадранскиот брег.

Џордан и неговата сопруга Ивет Пријето се симнаа од јахтата (што ретко го правеше на овој одмор), и привлекоа големо внимание кон себе кога одлучија да одат во ресторан на Хвар.

За време на посетата на ресторанот, тој беше опкружен со бројни обожаватели, при што се создала голема гужва, а снимките сведочат дека многумина го бакнувале и гушкале.

Џордан трпеливо одлучил да се фотографира со сите, а на некои од нив им дозволил малку поблизок поздрав. Во еден момент во ресторанот, тој седел на камена ограда, мавтајќи со рацете додека луѓето го фотографирале.

Слични содржини