Холивудскиот актер, режисер, сценарист и продуцент Џорџ Клуни не сака да биде кум на Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор – првородениот син на Принцот Хари и Војвотката на Сасекс – Меган, објави „Контактмјузик“.

Клуни е близок до кралската двојка, па дури и беше гостин на нивната венчавка во мај минатата година со неговата сопруга Амал. Сепак, холивудската ѕвезда не се смета за клучна фигура во животот на Арчи.
Запрашан како гостин во шоуто на Џими Кимел дали би станал кум на кралското дете, 58-годишниот Џорџ Клуни одговара: „Идејата не е добра. Не треба да бидам кум. Јас сум татко на близнаци и едвај се справувам со тоа“.
На прашањето дали ќе ја одбие улогата на кум, ако му биде понудена, Клуни возвраќа: „Нема да бидам кум. Ви ветувам. Сосема сум сигурен“.