Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата девојка Џориџина Родригез синоќа присуствуваа на доделувањето на „МТВ ЕМА“ наградите во Севиља.
За таа пригода, парот модно се усклади во силни бои во кои беше невозможно да не бидат забележани, но целото внимание го украде згодната Џорџина која во припиениот фустан со длавоко деколте, ги нагласи своите адути.
Фустанот кој ги укради погледите е потпишан од брендот „Jacquemus“, а неодамна во нивен сличен модел, само во друга боја, заблеска и Селена Гомез. Џорџина, фустанот во кралско сина боја го искомбинира со елегантни бели сандали и едноставни, но впечатливи округли сребрени обетки.
Роналдно носеше одело во силна црвена боја, бела маица и бели спортски патики, а освен со облеката, со Џорџина беа складни и во накитот.