ЏОРЏИНА НАПРАВИ ХАОС: Роналдо го напушта Јувентус и се сели во ПСЖ? (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Во последно време се повеќе се шпекулира дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус.

Португалецот пристигна во Торино во 2018 година од Реал Мадрид за 100 милиони евра и главната цел беше да ја освои Лигата на шампионите.

Сепак, тој не ја постигна таа цел, а Јувентус игра толку лошо оваа сезона, што е само на четвртото место во италијанскиот шампионат. Самиот Роналдо игра под сите очекувања, па сигурно е дека ќе ја напушти „старата дама“.

Пари Сен Жермен се споменува како следна дестинација на еден од најдобрите фудбалери во светот.

Овие шпекулации дополнително ги поттикна неговата избраничка Џорџина Родригез со својот пост на Инстаграм. Таа објави како позира пред нивниот приватен авион со кој патувала за Париз.

Џорџина беше во Париз поради нејзините обврски кон спонзорот, но многу француски медиуми го поврзаа со можниот трансфер на Роналдо во ПСЖ ова лето.

Многу фанови на парижаните исто така одговорија во коментарите, поканувајќи ги Џорџина и Роналдо да дојдат во Париз и тој да потпише за овој клуб.

Слични содржини