314
Џорџина Родригез објави нова фотографија од својата ќерка Бела Есмералда, која ја доби со фудбалерот Кристијано Роналдо.
Таа го фотографираше малото девојче додека спие покриено со ќебе, а нејзината фотографија собра повеќе од милион лајкови.
„Бела Есмералда. Мојата малечка, голем благослов“, напишала манекенката во описот.
Роналдо се огласи во коментарите, оставајќи емотикон на срце.
Потсетуваме, девојчето се роди во април годинава.
Џорџина носеше близнаци, но момчето не преживеа.