
Џорџина Родригез објави фотографија на својот Инстаграм профил каде прави шпага. Вереницата на Роналдо покажа колку е флексибилна, а фотографијата заработи скоро два милиони лајкови.
Џорџина посветува многу внимание на своето тело и редовно вежба, а неодамна призна дека се срамела да вежба заедно со Роналдо.
„Отпрвин ми беше срам да вежбам со Кристијано, во истиот простор. Јас вежбав дома, кога тој одеше на тренинзи во клубот, за да можеме да поминеме повеќе време заедно кога тој ќе се врати“, изјави таа за магазинот Women Health, на чијашто насловна позираше во долна облека.
Сепак, ова се смени за време на карантинот.
„Со текот на времето, тоа чувство исчезна и сега сакам да вежбам со него. Тој стана мојата најголема инспирација и мотивација“, рече Џорџина.