Џорџина повторно крева прашина: Покажа повеќе отколку што треба во кревет со својата ќерка (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Џорџина Родригез стана најпознатата жена на фудбалер, попозната дури и од Ванда Икарди, па секој нејзин чекор се следи со големо внимание.

Особено кога станува збор за социјалните мрежи, светските медиуми, таблоидите и луѓето на глобално ниво ги следат сите детали и забележале еден, што повторно крена прашина.

Пред нешто повеќе од два месеци, Џорџина имаше инвазија на негативни коментари, откако објави семејна фотографија од базен. Општата дебата за тоа дали сопругата на Роналдо има костим за капење или долна облека на фотографијата се претвори во нејзино осудување, а таа фотографија денес има над 12.000 коментари – претежно негативни.

Родригез направи уште еден ваков потег. Таа објави фотографија со својата двегодишна ќерка Алана Мартин од креветот каде што мајката и ќерката уживаат во времето поминато со заедно.

Како и да е, се водеше уште една дебата за тоа што носи Џорџина, која ја на една фотографија, се чини, покажа повеќе отколку што требаше и ја покри со цветен емотикон.

Џорџина најпрво ја објави истата како опција „Инстаграм приказни“, а потоа и како едноставен пост, но без цензура на фотографијата.

Слични содржини