Џозеф: Договорот е за добрососедство, а однесувањето на Бугарија е сè, само не пријателско

од Берта Китинска
211 прегледи

„Договорот е за добрососедство, а однесувањето на Бугарија е сè, само не пријателско, дури и непријателско“,изјави денеска професор Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс од САД при неговата посета на Скопје.

ЕУ и САД направија грешка и не ја ставија Бугарија на исто рамниште како што беше Грција во преговорите со Северна Македонија, додава тој. Споредувајќи ги договорите што Македонија ги направи првин со Грција, а потоа и со Бугарија за да се одблокира патот кон НАТО и ЕУ, Џозеф вели дека оние два договори не се на исто рамниште. Договорот од Преспа, меѓу Грција и Македонија е фер компромис, по што земјата стана членка на НАТО. Но Францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето за членство на Македонија во ЕУ, не е тоа. Тој предлог и дава надредена позиција на Бугарија, а тоа исто е грешка на Европската унија, вели Џозеф.

„Сега Северна Македонија треба да ги праша ЕУ, и Франција и Германија и другите, и да побара афирмација на македонскиот идентитет, да го афирмираат и да го признаат македонскиот народ, македонскиот јазик и аспекти од македонската историја“, вели Џозеф.

Тој вели дека Македонија, како мала земја, не треба безбедноста и да ја бара под „чадорот“ на Србија, туку под чадорот на ЕУ и НАТО.

„Реков дека големиот српски национализам води кон голема Албанија, а голема Албанија е комплетно деструктивна за оваа земја. Треба да го балансирате Отворен Балкан со триаголникот Скопје-Приштина-Атина, тоа е здрав триаголник во кој земјите си ги почитуваат границите и идентитетот“, вели Џозеф.

Слични содржини