Џули Ендрјус нема да се појави во новата Мери Попинс

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Џули Ендрјус, која ја одигра Мери Попинс во истоимениот музички фантастичен филм од 1964 година, нема да се појави во продолжението “Мери Попинс се враќа”, соопшти “Контакт мјузик”. Таа изјави дека е ” 100% зад филмот” по романот на Памела Траверс, но нема да учествува во него. 81-годишната актерка која ја играше дадилката-волшебничка го поддржува претстојниот проект и е задоволна што режисерот Роб Маршал ја избрал Емили Блант за главната улога, бидејќи смета дека таа е “неверојатна”.

Говорејќи пред “Entertainment Weekly”, Маршал рече: “Џули беше неверојатно мила. Ми рече дека тоа е шоуто на Емили”.

“Џули секогаш ќе биде, за мене и за сите, најпознатиот неверојатен лик на Мери Попинз, која ги маѓепса нашите срца и освои ” Оскар “. Но, Емили е совршениот човек, на кој ја предаваме штафетата”, додаде тој.

Иако Џули ја отфрли можноста да се појави во филмот, Дик Ван Дајк прифатил да учествува и во вториот дел. Детали околу филмот сè уште нема, но е познато дека Мери повторно ќе ја посети куќата на Банкс по семејна трагедија. Снимањата почнаа на 10 февруари во Сари, Англија.