
Италијанскиот премиер Џузепе Конте го повтори повикот до Европската унија да издаде заеднички обврзници во еврозоната за да се покаже солидарност во справувањето со кризата со коронавирус.
Конте во интервјуто што треба да се објави во германскиот „Зидојче Цајтунг“ споделил дека издавањето вакви обврзници не значи преземање на минатиот или идниот индивидуален италијански долг. Извадоци од интервјуто беа објавени во неделата во Германија пред да се објави интервјуто во весникот.
Конте рече дека Германија и Холандија треба да ги променат своите ставови за да сигнализираат дека Европа зборува како една, додавајќи дека тој сака заедничките обврзници да бидат со посебна примена и да бидат ограничени на време.
Најголемата економија во Европа, Германија, исто така поддржана од Холандија, рече дека не ги смета заедничките еврообврзници како вистинскиот начин за поддршка на здравствената заштита и помошта во евро-блокот со 19 држави.
Берлин сака да го искористи Европскиот механизам за стабилизација (ЕСМ), додека Европската инвестициска банка (ЕИБ) исто така може да вложи напори да гарантира заеми на засегнатите компании од пандемијата.