Ди Канио: Мурињо потфрли на сите можни начини, тој е најлошиот од најлошите

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот фудбалер и тренер, Паоло Ди Канио, кој беше ангажиран како аналитичар во италијанскиот Скај Спорт, упати многу тешки зборови за Жозе Мурињо.

Трофејниот португалски тренер потпиша тригодишен договор со Рома и на крајот на сезоната ќе го наследи Паоло Фонсека на клупата на тимот од Рим.

„Мурињо е најлошиот од најлошите. Тој потфрли на сите замисливи начини и игра анти-фудбал. Разбирам дека на Рома и требаше големо име во моментов, но тоа е исто како да потпишувате играч што е готов“, рече Ди Канио и продолжи:

„Мурињо само сакаше работа со многу пари. Тој беше отпуштен три пати во последните четири години, тој беше отпуштен поради неговиот карактер. Порано беше добар и имаше карактер. Сега Тотенхем „го шутна“ заради резултатите и неможноста да го подигне тимот на друго ниво по две години со сите потрошени пари“.

Поранешниот фудбалер на Лацио, Јувентус, Наполи, Милан, Шефилд Венсдеј, Вест Хем, но и менаџер на Свиндон и Сандерленд, смета дека Мурињо не може да го реконструира тимот од главниот град на Италија.

„Со оглед на околината на Рома, Жозе е добар. Можеби очекувате кој знае што, но јас ви велам дека тој е најлошиот од најлошите. Можете да уживате во неколку прес-конференции, бидејќи контроверзноста прави добар театар, но јас ви велам – за реконструкција на тимот, тоа е најлошото што можете да го добиете. Тоа можам да го кажам затоа што Мурињо ми беше омилен пред седум години, дури и повеќе од Пеп Гвардиола“, потенцираше Ди Канио.

Слични содржини