Голманот на Пари Сен Жермен, Марчин Булка изјави дека неговиот соиграч Анхел Ди Марија не сака да се навраќа назад кон времето поминато во тимот на Манчестер Јунајтед. Аргентинскиот репрезентативец помина една година со „црвените ѓаволи“ откако беше дел од тимот на Луис ван Гал во сезоната 2014/15.

Ди Марија го мрази Манчестер Јунајтед, изјави Булка за полскиот канал „Foot Truck“.

„Тој нема добри спомени за периодот што го поминал таму. Всушност, дури и кога има нешто на ТВ во врска со Манчестер Јунајтед, тој брзо ги менува каналите“, вели тој.

Од друга страна, самиот Анхел Ди Марија не е особено љубител и на навивачите на Манчестер Јунајтед. Поддржувачите на „црвените ѓаволи“ силно го исвиркаа Аргентинецот за време на нивниот последен сезонски натпревар на „Олд Трафорд“. Навивачите дури и аплаудираа во ситуација кога Ешли Јанг го фаулираше Ди Марија и го испрати во билбордите.

Аргентинскиот крилен играч му се придружи на Манчестер Јунајтед од Реал Мадрид во 2014 година за сума од 59,7 милиони фунти. Тој направи 12 асистенции и постигна четири гола во дресот на Манчестер Јунајтед.

Слични содржини