Ди Марија го продолжи договорот со Бенфика

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија го продолжи договорот со Бенфика до јуни 2025 година.

Ди Марија пристигна во Бенфика во 2023 година, а веќе настапуваше за клубот од Лисабон од 2007 до 2010 година.

Покрај за Бенфика, тој играше и за Јувентус, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Реал и Росарио.

Аргентинскиот фудбалер минатата сезона одигра 48 натпревари за клубот од Лисабон и постигна 17 голови.

Следниот викенд започнува новата сезона во португалскиот шампионат, а Бенфика во првото коло на 11 август ќе му гостува на Фамаликао.

Слични содржини