16
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Амад Диало ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на скочниот зглоб, соопшти денеска англискиот клуб.
Во соопштението се наведува дека Диало се повредил на последниот тренинг на Манчестер Јунајтед во пресрет на натпреварот против Тотенхем.
„Крајно сум разочаран што ја пишувам оваа порака во клучен момент од оваа сезона. За жал, ќе отсуствувам некое време поради повреда. Ќе се вратам посилен од кога било“, објави Диало на социјалната мрежа X.