Дибала избира меѓу Рома и Наполи

од Vladimir Zorba

Напаѓачот Пауло Дибала во моментов има две понуди за разгледување, пренесе новинарот, со доста инсајдерски информации, Џанлука Ди Марцио.

Станува збор за предлозите на Рома и Наполи, кои сакаат да го задржат до неодамна играчот на Јувентус во Серија „А“.

Според експертот за трансфери, Дибала не сака да чека уште многу и наскоро ќе донесе одлука за својата иднина. Италијанскиот печат тврди дека „волците“ се поблиску до неговиот потпис откако Жозе Мурињо лично го контактирал играчот. Сепак, Лучано Спалети исто така ја истражува можноста да го доведе во својот тим.

Рома смета да го убеди аргентинскиот интернационалец со својот проект, бидејќи му нуди годишна плата од 4,5 милиони евра плус бонуси, а тој инсистира на 6-7 милиони. Од друга страна, Наполи е подготвен да ги исполни неговите финансиски барања, но сега работат на ситуацијата со имиџ правата на фудбалерот.

Слични содржини