Дибала ја напушта Рома за само 12 милиони евра на лето?

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Следното лето Рома би можела да остане без еден од најважните, ако не и најважните играчи оваа сезона, Паоло Дибала, и тоа за „ситно“.

Во актуелниот договор со „волчицата“ аргентинскиот фудбалер има опција за откупна клаузула која ќе важи во текот на целиот месец јули и ќе изнесува само 12 милиони евра. Таа цена нема да важи за сите клубови, со оглед на тоа што опцијата тим да го купи поранешниот играч на Јувентус за 12 милиони ќе ја имаат само странските клубови, односно оние кои не доаѓаат од Италија. Во тој случај само Дибала ќе биде прашан дали сака да си замине или не. Доколку некој од италијанските клубови посегне по Аргентинецот за споменатите пари, Рома ќе одлучи.

Сепак, во римскиот клуб сакаат да ја избегнат оваа опција, па на Дибала ќе му понудат нов договор кој нема да ја вклучува оваа опција. Вредноста на Дибала се проценува на 25 милиони евра, а оваа сезона блеска во Серија А – на 18 натпревари постигна 11 гола и додаде уште шест асистенции.

Минатиот викенд, Аргентинецот беше протагонист на победата на Рома, постигнувајќи три гола во победата на неговиот клуб против Торино.

Слични содржини