Дибала му се приклучува на Мурињо во Рома

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Долгогодишниот играч на Јувентус, Пауло Дибала, кариерата ќе ја продолжи во Рома, објавија италијанските медиуми.

Тој е слободен играч и веднаш ќе потпише со „волците“. Аргентинецот утринава се качи во авион со сопствениците на Рома и лета за Португалија каде што тренира тимот на Жозе Мурињо.

Другиот преостанат сериозен кандидат за напаѓачот беше Наполи, но на крајот играчот ја одбра понудата од тимот од главниот град, која е за плата од 4,5+1,5 милиони евра и договор до 2025 година со опција за уште 12 месеци.

Слични содржини