Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала денеска пред навивачите на тимот ќе го одигра последниот натпревар против Лацио. На Аргентинецот му истекува договорот, a од претходно стана јасно дека нема да биде обновен. Тој ја користи можноста да се прости од нив со емотивна порака на Инстаграм.
„Тешко ми е да најдам зборови за да се збогувам со вас. Поминаа толку многу години и имавме толку многу емоции заедно. Очекував да останеме заедно уште неколку години, но судбината не испрати по различни патишта. Нема да заборавам сè што ми дадовте, секој натпревар, секој гол. Пораснав, учев со вас. Го живеев мојот сон. Беа седум магични години со 12 трофеи и 115 гола што никој не може да ми ги одземе. Никогаш. Ви благодарам за вашата поддршка во тешките моменти. Ви благодарам на сите што бевте покрај мене во тешките моменти низ годините, од првиот до последниот, од навивачите до луѓето во клубот, сите тренери и соиграчи, вработени и директори. Носењето на овој дрес, како и капитенската лента, беше една од работите на кои сум најмногу горд во мојот живот досега, за што се надевам дека еден ден ќе им кажам на моите деца и внуци. Утре ќе биде мојот последен меч со овој дрес, тешко ми е да поверувам дека ова ќе биде нашето последно збогување. Нема да ми биде лесно, но на теренот ќе излезам со насмевка и високо крената глава, знаејќи дека дадов се за вас“, напиша Дибала.
Дибала пристигна во Јувентус од Палермо во 2015 година и освои 5 титули, 4 Купови на Италија и еднаш беше прогласе и за Најдобар играч во Серија А. Големите критики кон него се дека е премногу кревок и добива премногу повреди, поради што за овие 7 сезони има само 291 натпревар за клубот.