6
Пауло Дибала во јануарскиот преоден рок би можел да се пресели во Галатасарај. Неговиот агент Карлос Новел вчера се сретна со претставници на турскиот гигант и двете страни разговараа за можен трансфер на напаѓачот.
Договорот на Дибала со Рома истекува следното лето, а според „Газета дело Спорт“, клубот е склон да го пушти да замине без пари во јануари. Сепак, самиот играч не е сигурен дека сака да си замине на средина од сезоната.
Аргентинецот добива 7 милиони евра по сезона. Неговиот договор автоматски ќе биде обновен доколку игра на уште седум натпревари оваа сезона во кои ќе забележи најмалку 45 минути.
„Волците“ не му понудија нов договор и се чини дека тој не е дел од нивните долгорочни планови.