Дибала: Семејството, сопругата, градот и тимот беа решавачки да останам во Рома

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Семејството, сопругата, градот, тимот и желбата да се вратам во репрезентацијата на Аргентина беа решавачки да ја одбијат понудата на клубот од Саудиска Арабија, изјави фудбалерот на Рома, Пауло Дибала.

Дибала неодамна ја одби понудата на Ал Кадсија од 75 милиони евра за тригодишен договор.

„Сите прашуваат за пари. Ставив се на маса – одлучи семејството, сопругата, градот, тимот и желбата да се вратам во репрезентацијата на Аргентина. Имам 30 години, се чувствувам добро. Знам дека многу луѓе ме критикуваат поради повредите, но се трудам да се грижам за себе“, изјави Дибала за Sky Italia.

Слични содржини