158
Пауло Дибала беше присутен на трибините на „Хозе Алваладе“ во Лисабон, каде локалниот Спортинг во контрола ја победи Рома со 3:2. Аргентинецот се уште нема потпишано со „Волците“ и не можеше да учествува на натпреварот, но го следеше дуелот кој понуди доста интересни моменти.
И покрај пријателскиот карактер на натпреварот, во неколку наврати имаше груби влезови и тензија меѓу играчите на двата тима.
Ова беше прв пораз за Рома во подготвителната сезона, откако тимот на Жозе Мурињо победи со по 2-0 против Сандерленд и Портимоненсе.
Следната контрола на „џалоросите“ е против Ница на 23 јули.