Дибала за дресот на Меси: „Не знаев дали да го облечам“

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Аргентина го победи Чиле со 3:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство ноќта меѓу четвртокот и петокот, а Пауло Дибала постигна гол во враќањето во репрезентацијата, носејќи го дресот со број 10!

Дибала влезе во игра од клупата и постигна гол за 3:0 носејќи го дресот на легендарниот Аргентинец.

„Навистина е спектакуларно чувството што се вратив и дека сум заедно со моите соиграчи и навивачи кои ни беа голема поддршка“, изјави Дибала по натпреварот.

Дибала зборуваше и за тоа дека мечот го одигра носејќи го бројот десет на грбот.

„Техничкиот штаб ја донесе таа одлука. Некои од момците рекоа дека треба да го земам тој дрес, но не знаев дали да го прифатам, тој дрес носи голема одговорност. И јас мислев дека нема да се вратам, но се вратив и играв. А кога го носиш овој дрес, тогаш треба да дадеш се што имаш“, изјави Дибала.

Дибала не беше дел од тимот на Копа Америка, а кога стигна поканата за септемвриските натпревари, Лионел Скалони изјави дека тоа нема никаква врска со одлуката на Дибала да не оди во Саудиска Арабија.

Слични содржини