Дибиров не заминува од Скопје, најави разделба, па се предомисли!

од Nikola Popovski
333 прегледи

Рускиот ракометар Тимур Дибиров денеска го продолжи договорот со македонскиот шампион Вардар на уште една година, иако најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти скопскиот клуб.

Како што најави Вардар, „клупската икона“ ќе го носи црвено-црниот дрес, барем до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката.

„Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката, со која Русинот ќе ја игра 10. сезона во Скопје. Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот, со кои се поврзани најголемите клупски успеси на Вардар“, се вели во соопштението на клубот.

Дибиров изјави дека е среќен што останува во Вардар и дека не може да замисли друг дрес и друг клуб.

„Им благодарам на сите за поддршката. Се договоривме да ја продолжиме соработката и заедно да постигнеме резултати како и досега“, рече тој.

Во Вардар дојде во 2013 година и оттогаш освои седум шампионски титули и седум титули во Купот. Покрај тоа, со Вардар трипати го освојуваше Суперкупот на Македонија, четири пати регионалната СЕХА лига и два пати беше европски првак.

Пред Вардар играше за Чеховски медведи од 2004 до 2013 година, а беше дел и од репрезентацијата на Русија.

Слични содржини