По триумфот вечерва над ПИК Сегед од 34-30 (16-14), играчот на Вардар, Тимур Дибиров изјави дека Унгарците незаслужено се наоѓаат толку ниско на табелата и дека „црвено-црните“ се среќни што надиграле таков тим.
„ПИК Сегед не се наоѓа на позицијата на која треба да биде. Играат добар ракомет, но имаат помалку бодови од што заслужуваат. Среќни сме за победата бидејќи надигравме тим каков што е ПИК Сегед. Ова е состав кој игра со голем интензитет. Ја бараме играта од првата полусезона, но тоа се враќа со тренинзи така што ќе успееме навреме да се вратиме во ритам. ПИК Сегед е тим кој може да победи против секого така што ова беше како проба за нас и очекувам и понатаму да играме добро и квалитетно“, изјави Русинот по мечот во СЦ „Јане Сандански“.