ДИЦ ги соопшти резултатите: Матурантите со просечна оценка 3,25

од Nikola Popovski
403 прегледи

МОН ќе почне преговори со универзитетите за ослободување на поголеми простори и амфитеатри, за од следната година да може да се спроведува државната матура. Дополнително, ќе се инсистира да имаат и блокатори, за матурантите да не ги користат мобилните телефони. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на прес-конференција заедно со директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска, претставувајќи ги резултатите од полагањето на државната матура.

Како што беше објавено, добиени се пообјективни резултати во споредба со минатите години. Годинешната средна оценка на матурата е 3,25 и е пониска од претходно. Според директорката на ДИЦ, оценката е одлична во однос на објективноста.

По мајчин јазик – средната оценка на учениците е 3,37, по англиски јазик е 3,06, а по француски јазик – 4,47.

-Заради препишување, користење на мобилен телефон во текот на тестирањето и констатирано препишување во текот на оценувањето, 268 пати е изречена мерката поништување на испитот. Ова треба да биде порака за останатите генерации дека не треба да се користи препишувањето како метод за добивање на повисока оценка – никому не му користи тоа, констатира Михајловска, додавајќи дека овие ученици повторно ќе треба да дојдат во август да полагаат.

Слични содржини