ДИЦ: Испитот по Англиски јазик да не се поништи за сите оние кои ги почитувале правилата за државна матура

од Nikola Popovski
435 прегледи

Државниот испитен центар (ДИЦ) му одговори на Министерството за образование и наука (МОН) дека најпрофесионално во рамките на своите надлежности ја спроведе државната матура. Од ДИЦ порачаа дека тестовите биле навремено изготвени и дистрибуирани до училиштата и тестирањето почнало навреме.

-За случувањата во однос на вибер-групата и споделувањето прашања и одговори за време на изведување на испитите ќе се дискутира на Државен матурски одбор, како највисок орган за реализација на државната матура. На состанокот, членовите на ДМО ќе се произнесат дали и какви санкции ќе има по сите инволвирани во нарушувањето на процесот на реализација на државната матура. Став на ДИЦ е испитот по Англиски јазик да не се поништи за сите оние кои ги почитувале правилата за изведување на државна матура, наведува ДИЦ во дописот.

Државниот испитен центар апелира да се почитуваат процедурите за спроведување на интерните испитите во рамките на државната матура за кои се одговорни училишните матурски комисии.

Ова следува откако претходно денеска МОН се обрати до ДИЦ како надлежна институција за организирање на државната матура, со цел лоцирање на одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на процесот, по однос на направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик.

-Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку апликација за електронска комуникација за време на самото полагање, сепак, тоа е пропуст кој никако не требало да се случи и повлекува соодветна одговорност, велат од МОН.

Информираат дека МОН побара од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата, како на пример во училишните сали и холови каде би биле сместени сите матуранти кои се пријавени за полагање државна матура и со присуство на повеќе тестатори и набљудувачи.

Слични содржини