ДИЦ продолжува со штрајкот: Понудено ни беше К-15 и покачување од 2000 денари за половина од вработените

од Nikola Popovski
401 прегледи

Единствен заклучок до кој што дојдовме е дека оние што работат многу во оваа држава се најмалку ценети. Нешто што само ни се потврди. Трагично е што власта дозволи сите добри професионалци да си одат од институциите. Од средбата со вицепремиерот за економски прашања добивме идентичен текст од она што досега го добивме и од МОН и од Министерството за финансии. Понудено ни е К-15 кој што нас ни следува со закон и за кој веќе имаме постапка, рекоа денеска на брифинг со медиумите од Државниот испитен центар (ДИЦ) во однос на нивните барања.

Второто нешто што ни е понудено, посочија од таму, ни е линеарно покачување од 2000 денари за половина од вработените, што требаше да се случи и да не биде дел од преговорите.

-Ние ќе престанеме со овие изјави. Ние сакавме со помош на медиумите да покажеме колку се битни луѓето кои што работат во ДИЦ и колку е важна матурата. Не сме добиле ништо – само пазарна понуда, потенцираа од ДИЦ и најавија дека во моментов штрајкот продолжува.

-Тоа што е во надлежност на овие лица што се во штрајк ќе биде во мирување, затоа што ние сме во штрајк, кажаа од Центарот во однос на тоа што понатаму со државната матура.

Слични содржини