Мигрантите можат да се откажат од претходните правци и да тргнат кон Европа од Турција преку Црното Море. Ова го пишува “Велт ам Зонтаг”. Меѓу 150 000 и 200 000 мигранти чекаат подобрување на временските услови, за да се упатат во Европа во Средоземното Море од Либија и Египет.

velt
Ова се вели во анализата на германското издание. Весникот се повикува на западните разузнавачки служби. Повеќето мигранти кои во моментов се наоѓаат во Либија се државјани на Еритреја, Сомалија и Нигерија. Исто така расте и бројот на мигрантите од Сирија, пишува весникот. Мигрантите се откажуваат од вообичаен пат во Европа преку Балканот поради засилувањето на обезбедувањето на границите на ЕУ.
Во случај ако Македонија ги затвори своите граници, мигрантите може да се обидат да влезат во Унијата преду западниот брег на Грција или од Албанија да се упатат по море за Италија, прогнозира “Велт ам Зонтаг”.

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

Истовремено со тоа, весникот потсетува дека со времето меѓу мигрантите може да најдат популарен и друг пат – од Турција преку Црното Море или преку територијата на Грузија и Русија. Од Либија во ЕУ На 20 февруари во близина на брегот на Либија беа спасени 240 сиромашни мигранти, кои сакаа да достигнат Италија, преминувајќи го Медитеранот.
Германската влада сака официјално да побара утре од Еврокомисијата задолжителното регистрирање на сите мигранти штом тие ја преминат границата на првата земја-членка на ЕУ, пишува “Билд ам Зонтаг”. Во Министерството за внатрешни работи на Федералната Република сметаат дека не треба да се дозволи решението на проблемот со мигрантите да биде дело на Германија. Според податоците на европската гранична агенција “Фронтекс” минатата година во Европската унија пристигнале над 1,5 милиони мигранти. Во јануари и февруари оваа година приливот малку се намали, но повеќето експерти очекуваат дека тоа е поврзано со лошото време и бурите во Средоземното Море, а не со мерки за ограничување на миграцијата. Експертите стравуваат дека во текот на летото миграцискиот поток може да го достигне нивото од минатата година или дури и да ги надмине.

Слични содржини