Diem – новото име на крипто валутата на Facebook

од Vladimir Zorba

Diem ќе биде новото име на крипто валутата на Facebook, иако првично го носеше името Libra. Преименувањето е дел од реорганизацијата во поедноставна структура, пренесува Ројтерс.

Diem, што на латински значи ден, би требало да биде дигитална валута поврзана со доларот. За нејзино лансирање неопходно е одобрение од швајцарските надзорни тела.

Експертите наведуваат дека со промена на името, се испраќа порака дека оваа валута ќе делува “самостојно и независно“. Ќе се обиде да се разликува од останатите, бидејќи ќе се занимава со проблеми што се важни за регулаторите и западните влади, вклучувајќи контрола на санкции и финансиски криминал.

Facebook со своите планови за сопствена дигитална валута ги поврза владите, супервизорите и централните банки ширум светот.

loading...

Слични содржини