Диетата која Бразилките ја држат пред да заминат на плажа

од Vladimir Zorba

Таканаречената „бразилска диета“ има две варијанти – помалку здрава, брза и друга во која ќе губите околу 12 килограми за еден месец.

При втората, правило е да се јаде до пет пати на ден, но во менито најмногу се наоѓа овошје и зеленчук. Како и со другите диети, неопходно е да се одржува дневна физичка активност, барем во умерена форма.

Оваа диета диктира точно како да јадете секој ден во неделата, и изгледа вака.

Понеделник

Појадок: банана, портокал, чаша исцеден сок од портокал

Закуска: исцеден сок од портокал и еден тост

Ручек: 100 грама варена бела риба, 100 грама салата од сиров зеленчук по ваш избор (за салата можете да користите храна богата со растителни влакна за да го забрзате варењето)

Вечера: Исто како и ручекот

Пред спиење: чаша исцеден сок од портокал и еден тост

Вторник

Појадок: едно меко варено јајце, чаша сок од јаболко

Закуска: 1 парче тост, чаша сок од јаболко

Ручек: 100 грама варено месо, 2 варени компири и 4 лисја од зелена салата

Вечера: 200 грама варена риба, тврдо варено јајце, зелена салата, грашок

Пред спиење: една чаша сок од јаболко и тост

Среда

Појадок: една чаша обезмастено млеко и едно парче тост

Закуска: 100 грама сирење со малку маснотии

Ручек: 100 грама ориз, 150 грама свежа зелка со прелив од еден лимон и една лажичка сецкан магдонос

Вечера: 100 грама зготвено месо, четири лисја зелена салата и јаболко

Пред спиење: чаша сок од јаболко и парче тост

Четврток

Појадок: Чаша сок од ананас, 60 грама свеж ананас

Закуска: 1 чаша сок од ананас и тост

Ручек: 100 грама варено месо, мало парче сирење и еден портокал

Вечера: два варени компири, 150 грама свежо рендана салата од морков со малку сончоглед или маслиново масло

Пред спиење: чаша сок од ананас и тост

Петок

Појадок: чаша сок од јаболко и еден тост

Закуска: едно јаболко и еден портокал

Ручек: 150 грама варена риба и 2 варени моркови

Вечера: Чорба од зеленчук и малку леб или тост (наместо супа од зеленчук можете да направите супа од печурки)

Пред спиење: чаша сок од портокал и тост

Сабота

Појадок: чаша сок од јаболко, парче тост

Закуска: 150 грама варена салата од репка со малку растително масло

Ручек: чинија супа од зеленчук, печурки или риба со парче леб

Вечера: 100 грама пржени печурки и 100 грама салата од сиров зеленчук по желба

Пред спиење: чаша сок од јаболко и 2 бисквити со путер

Недела

Појадок: една банана и неколку парчиња суво грозје

Закуска: чаша сок од морков и тост

Ручек: 100 грама варено месо, 100 грама салата од свежа зелка, зелен кромид и сок од еден лимон

Вечера: една чинија свеж зеленчук или супа од зеленчук, риба или печурки, 100 грама овошје по желба и четири лисја од зелена салата

Пред спиење: чаша сок од јаболко и две суви смокви

Кога ќе помине еден месец, не продолжувајте со оваа диета без оглед на резултатите. Како и со сите диети, експертите велат дека оваа не е здрава и урамнотежена.

По крајот, неопходно е полека да се вратиме на исхрана богата со протеини, но менито сепак треба да содржи овошје и зеленчук.

Слични содржини