Диетата на Марија Шерифовиќ: Три килограми помалку за една недела (видео)

од Nikola Popovski
801 прегледи

Во своето последно видео на Јутјуб, Марија Шерифовиќ откри дека ослабела скоро три килограми за една недела, благодарение на планот за диети што ѝ го направил нутриционист. Диетата на Марија се базира главно на салати, младо сирење, туна и бело месо.

„Ова е план на исхрана кој одговара на мојата тежина и крвна група и секој треба да најде соодветен план за себе. Не треба да го копирате затоа што планот е направен според моите мерења и крвна слика, пред се. Копи-пејст може да биде фатален. Ќе се хранам здраво седум дена. Се надевам дека не ја прекршам диетата. Зелениот чај е задолжителен. Тоа е нешто со што го започнувам денот“, открила таа.

Иако на видеото откри дека во одреден момент се чувствува гладна, Марија сепак успеала да се држи до планот на нутриционистката до крајот и ослабела 2,8 килограми.

„Тоа е голем успех, се разбира, можеби можеше да биде и подобро, но резултатот е секако добар. Не се надевајте дека ќе биде вака секоја недела, бидејќи на почетокот веднаш се ослободува вишок течност и токсини“, им рекла Марија на своите гледачи.

Слични содржини