Диетата на Мерилин Монро од која на нутриционистите им се крева косата на глава

од Elena Daskalova
462 прегледи

Популрната актерка важи за жена која ќе остане запаметена по нејзините заносни облини, но од начинот на кој ја одржувала фигурата, на денешните нутриционисти би им се кренала косата на главата.

Во 1960 година, за магазинот „Мери Клер“ таа открила дека е голем гурман и дека сака да јаде, но дека мора да ги негува своите облини. Мерилин била првата жена која јавно прозборела за начинот на исхрана и режимот кој го користи, а по неа, многу познати жени почнале да откриваат како слабеат.

Мерилин Монро открила дека обожава да јаде месо и јајца. Наутро пиела чаша млеко во кое биле изматени две јајца, а понекогаш земала и витамини. Ручекот секогаш бил големо парче месо, а за вечера јагнешки котлет или џигер, со неколку моркови. Пред спиење, јадела сладолед.

Никогаш не јадела леб, ниту колачи. Поради протеинската храна, само со лесни вежби успевала да ја одржува фигурата, а сакала и јога. Секогаш преферирала сама да готви, наместо да се храни во ресторани. Меѓу книгите од нејзината домашна библиотека се најдени и голем број рецепти на база на месо и јајца кои самата ги собирала и запишувала.

Слични содржини