Диететичарите открија која намирница треба да ја јадеме наутро доколку сакаме да ослабеме

од Stefanija Kuzmanovska

Сите добро знаеме колку е важна храната што ја консумираме за одржување на нашето здравје.

Постојат студии кои докажуваат дека јадењето одредена храна може да стимулира губење на тежината. Една од овие намирници е особено ефикасна ако се консумира наутро, а тоа се јајцата.

Според Medical News Today, јадењето јајца може да поттикне губење на тежината, особено ако некое лице ги вклучи во исхраната за контрола на калории.

Истражувањата покажуваат дека јајцата ја стимулираат метаболичката активност и го зголемуваат чувството на ситост, а појадокот базиран на јајца може да го спречи човекот да се прејадува во текот на денот, односно да внесува дополнителни калории.

Диететичарите нагласуваат дека јајцата содржат големи количини на протеини и имаат многу малку калории. Тие можат да промовираат губење на тежината ако се консумираат како дел од разновидна исхрана и се јадат без додадени масти или шеќери.

Слични содржини