Бунтовникот без причина ќе „оживее“ во нов филм, 64 години по неговата трагична смрт.
Режисерите Антон Ернст и Тати Голих се договориле со семејството на покојниот актер и ги откупиле правата за користење на неговиот лик, кој ќе биде дигитално креиран и реанимиран, за потребите на филмската адаптација на романот „Finding Jack“ на Герет Крокер.
Романот следи војник кој се зближува со лабрадорот Џек за време на Виетнамската војна, но е принуден да го напушти со повлекувањето на американската војска.
Ќе се користат постоечки филмски снимки и фотографии за да креираат целосна дигитална верзија на Дин, а друг актер ќе го позајми гласот.
Дин загина во 1955 година во сообраќајна несреќа откако сними само три филма, од кои два излегоа по неговата смрт.