Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Амад Дијало, им се извини на навивачите на клубот за лошата сезона и поразот од Тотенхем во финалето на Лигата на Европа.
„Пред се, би сакал да им честитам на Тотенхем за победата, а исто така да им се извинам на навивачите на Манчестер Јунајтед ширум светот. Беше неприфатлива сезона и никој не може да го негира тоа, но ние секогаш играме со полна мотивација. Ви ветувам дека таква сезона никогаш повеќе нема да се случи во овој голем клуб. Ви благодарам на сите за вашата поддршка во текот на целата сезона. Бевте со нас, без разлика на сè“, напиша фудбалерот на своите профили на социјалните мрежи.
На 21 мај, „Црвените ѓаволи“ загубија од Тотенхем во финалето на Лигата на Европа со резултат од 0:1.
По 37 кола во Премиер лигата, Јунајтед се наоѓа на 16-то место на табелата со 39 бода.