336
Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити го продолжи договорот со португалскиот стопер на репрезентацијата Рубен Дијаш до летото 2027 година.
Дијаш (24) пристигна во Сити минатото лето од Бенфика и беше прогласен за најдобар играч на сезоната во својата прва сезона во Премиер лигата.
– Иако ни се придружи пред само една година, Рубен веќе докажа дека е клучен дел од нашиот тим. Фактот што му понудивме нов договор зборува за неговиот квалитет и важност за клубот – изјави директорот на „граѓаните“, Чики Бегиристаин, пренесе Хина.