Дијаспората во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од БДП на земјава, но сепак тоа е најмалку споредено со земјите од регионот, каде според податоците од Евростат личните дотации од странство во Србија се околу 7,2 проценти од БДП, во Босна и Херцеговина – 9,3 %, Албанија – 9,8%, Црна Гора – 12,5% и Косово – 18,5 % од БДП.
И во апсолутни бројки, имаме најмали дотации од дијаспората, споредено со целиот регион. Најголем прилива на средства од странство има Србија – 3,37 милијарди евра, потоа следат Босна и Херцеговина – 1,63, Албанија – 1,27, Косово – 1,25, Црна Гора – 524 милиони и на крај Северна Македонија со 361 милион евра.
Во земјите од регионот најголем одлив има Србија – 342 милиони евра, а најмал Северна Македонија – 24 милиони евра. По Србија, следат Албанија – 109 милиони евра, Црна Гора – 85 милиони евра, Босна и Херцеговина – 84 милиони евра и Косово – 43 милиони евра.
Најголем дел од средствата кои се префрлаат како лични дотации во други земји доаѓаат од економиите на Германија – 17.4 проценти, Франција – 11,6 отсто, Луксембург – 11,3 проценти и Холандија – 10,7 отсто од вкупните лични дотации на ниво на ЕУ.