Репрезентативецот на Португалија, Рубен Дијаз ги сумирал впечатоците по поразот од Хрватска во последниот подготвителен натпревар пред заминувањето на ЕП во Германија.
Фудбалерите на Хрватска како гости ги победија Португалците со 2:1.
Јунак на новата победа на „огнените“ беше 38-годишниот Лука Модриќ, кој од пенал во осмата минута му донесе водство на својот тим, додека стрелец беше и Анте Будимир во 56. минута, а Диого Жота постигна гол за домашната екипа.
Дијаз, ѕвездата на Португалија и Манчестер Сити, беше запрашан дали е загрижен за пораз пред Европското првенство.
„Не сме загрижени, токму затоа сакавме предизвик. Хрватска веројатно беше најдобрата селекција со која игравме во новата ера и токму во ваквите натпревари можеме да дознаеме како ќе се снајдеме во стресните моменти“, изјавил Дијаз.
„Ова беше одлично искуство, а резултатот можеше да биде поинаков. Пеналот беше спорен, но без разлика создаваа шанси. Доминиравме во вториот дел, а Хрватска постигна гол кога бевме подобри. Никој не сака да губи и не сме задоволни од резултатот. Добро е да се спуштите на земја и да сфатите дека, без разлика колку талент и индивидуални квалитети имате, треба подобро да функционирате како тим и да го разбирате секој сегмент од играта. Имаме многу простор за напредок, а ќе растеме толку брзо колку што ќе сфатиме што ни недостасува“, потенцирал Дијаз.