Дијаз и Салах го вратија Ливерпул на врвот

од Nikola Popovski
201 прегледи

Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Брајтон и со победа се врати на чело на табелата во Англија. Раниот гол на Дени Велбек кој му донесе водство на Брајтон во втората минута на „Енфилд“ не го вознемири тимот на Јирген Клоп. „Црвените“ преку Луис Дијаз во 27. минута и Мохамед Салах во 65. минута успеаја да го свртат резултатот и да победат со 2:1.

Со тоа се вратија на врвот во Премиер лигата пред големото дерби на Етихад помеѓу Манчестер Сити и Арсенал.

Доколку „топџиите“ не слават против актуелниот шампион, избраниците на Клоп, кој на клупата ја прослави јубилејната 300-та победа, ќе останат лидери и по 30. коло.

Со денешната победа, Ливерпул успеа да ја прекине серијата на непобедливост на Брајтон на „Енфилд“, која траеше од 2019 година.

Слични содржини