Дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Дијаз има свое објаснување за лошата сезона на тимот. „Граѓаните“ ќе ја завршат сезоната без трофеј, мака мачат да најдат место меѓу екипите кои ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
„Веројатно оваа сезона ја плаќаме цената за сите емоции што ги доживеавме во претходните години. Ова е фудбал, ние го прифаќаме. Нема потреба од паника. Многу добро знаеме кои сме“, изјави Дијаз во интервју за британски „Телеграф“.
„Оваа сезона беше тешка. Во повеќе од една прилика, имавме потреба да разговараме меѓу себе, но има и моменти кога знаете што не е во ред и што треба да подобриме. Луѓето секогаш ќе сакаат да го земат она што е твое. Сите нови регрути доаѓаат со глад за успех и сакаат да победат. Имам 27 години и се чувствувам како да можам уште многу да дадам. Не поради мојата возраст, туку затоа што така се чувствувам. Ова е мојата петта сезона и сè уште сакам да освојам многу повеќе“, додаде тој.