ДИК: Арсовска со предност пред Шилегов

од Берта Китинска
597 прегледи

Според првичните податоци објавени на веб странaта на ДИК, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов , има 13.228 гласови, а неговата против кандидатка  Данела Арсовска има 20.795.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу шест проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ, пред Беким Сали од АА/А, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ и во Карпош води Стевчо Јакимовски од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ.