ДИК: Дo 18.30 часот одѕивот изнесува 34,09 проценти

од desk2
126 прегледи

Од обработени податоци на 84,83 проценти од избирачките места, до 18,30 часот излезноста на референдумот е 34,09 отсто, соопшти Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија. Во бројки, тоа значи дека своето гласачко право го оствариле вкупно 519.435 гласачи.

Најголема е излезноста во Сарај, каде изнесува 65,59 проценти.

Дерковски очекува бројката да се надмине до 19 часот и нема информации дека некаде ќе биде продолжено гласањето.

Претседателот на ДИК истакна дека генералната оценка е оти денот поминал добро, а атмосферата е добра, со исклучок на мали инциденти кои се санкционирани и санирани.

„Референдумот помина добро и мирно, се надевам дека сликата за Македонија е добра“, рече Дерковски.

Тој објасни дека материјалот ќе се носи кај градски стадион, а записниците директно во ДИК.

„Се надеваме дека првите неофицијални информации ќе бидат соопштени побрзо отколку на избори, ако кажам точно време ќе згрешам“, изјави Дерковски.

Следната прес-конференција е закажана помеѓу 21.30 и 22 часот.