ДИК ги отфрли претставките на Митко Чавков

од desk3
104 прегледи

Како неповрзани со изборите, Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли претставките на заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на министерот Оливер Спасовски.

dik-1200x545_c

Трите одлуки се однесуваат на именувањето на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „Алфи“, именувањето на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и именувањето на Тони Ангеловски за началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Македонија и Балканот не треба да се претворат во паркинг за мигрантите

Чавков и Спасовски вчера биле повикани на состанок во ДИК, при што Комисијата проценила дека ниедна од трите одлуки на Спасовски не е поврзана со изборите.

 

МЕТА