ДИК попладнево го донесе Роковникот за локалните избори

од desk4
207 прегледи

По добивањето на решението со кое беа распишани локалните избори Државната изборна комисија ги утврди поважните рокови за изборните дејствија за изборите закажани за 17 октомври, годинава.
Државнат изборна комисија го донесе роковникот за локалните избори кои се распишани за 17 октомври.
Според него изборната кампања ќе започне на 27 септември во 00 часот, и ќе трае до 15 октовмри до 24 часот. Потоа на 16 октомври ден пред гласањето ќе започне изборниот молк.
Кандидатите, листите за локалните избори ќе ги поднесуваат до општинските изборни комисии заклучно со 11 септември до 24 часот.
На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на 17 октомври е денот на изборите.
Жрепката за редоследот на гласачкото ливче на листите на кандидати, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 23 септември. Сите листи на кандидати од ист подносител во општините согласно Изборниот законик, ќе имаат ист реден број.
На 23 септември, ДИК со претставниците на подносителите на листите ќе организира потпишување на изборниот кодекс за фер и демокартски избори.
Собирањето потписи на граѓани за поднесување на листи на кандидати или независни листи на кандидати ќе започне на 16 август и ќе трае 15 дена заклучно со 30 август, а ќе се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК низ државата и согласно измените на Избониот законик од лани, пред надлежни нотари кои ќе бидат определени од страна на самите подносители на листи, за што дополнително ќе бидат издадени упатства.
Политичките партии ќе добијат известување од ДИК, најдоцна 1 септември да именуваат свои претставници и заменици во избирачките одбори.
На седницата на ДИК беше усвоено и барањето кое ќе биде доставено до МВР за доставување податоци за дополнување на Избирачкиот список, со граѓани кои наполниле 18 години заклучно со денот на одржување на изборите за прв круг гласање кои имаат важечка лична карта или патна исправа. ,
МВР со измените на Изборниот законик доставува и фотографии за овие граѓани, а во наредната фаза со воведување на електронска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, ќе ги достави и нив. За ажурирање на податоците на Избирачкиот список, ДИК ќе се обрати и до основните судови, МТСП и до казнено-поправните установи за извршување санкции.