191
Излезноста до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Како што рече тој, споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на излезноста до 9:00 часот за 1,9 проценти.
Најголема излезност во вториот круг од претседателските избори има во Пробиштип 8,85 отсто, а најмала излезност во Боговиње 0.57 отсто.
Излезноста до 9 часот на парламентарните избори изнесува 4.45 отсто. Најголема излезност до 9 часот на парламентарните избори има во Кривогаштани, 9,46 отсто, а најмала излезност има во Боговиње 1,43 отсто.