ДИК најави дека од денеска почнува теренски

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Материјалите за анкетирање на спорните гласачи се доставени до подрачните одделенија на Државната изборна комисија, а од денеска  започнува теренската проверка, информираше вчера  претседателот на ДИК Александар Чичаковски

Bedz

– Во финална фаза сме на подготовка на теренските проверки. Од утринава се доставени сите материјали до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Вработените во подрачните одделенија, со помош на кадар кој е даден на помош од другите инстиитуции, напорно работи да го обработи материјалот, истакна Чичаковски.

Информира дека обуката за анкетарите е завршена, а се очекува до крајот на денот да им биде доставен и материјалот за денешната  теренска проверка.

Според Чичаковски, Државната изборна комисија ги прави сите напори за, како што рече, да бидат запазени законските рокови.

– Во однос на 124 илјади спорни гласачи на привремена работа или престој во странство ДИК има донесено одлука во рамки на Комисијата да се направат дополнителни консултации за да се види како да се постапува во однос на овие граѓани, рече Чичаковски.

На новинарско прашање за дисковите со податоци од последните проверки, Чичаковски одговори дека тие се дадени на партиите на барање на членови на ДИК заради нивна работа во Комисијата. Тие, рече тој, ги добија материјалите во рамки на нивното право и овластување да постапуваат во рамки на ДИК.