Независната листа на советници „Шанса за Центар“ пред два дена истакна билборди со боите и елементите на логото од својата советничка листа. Сакајќи да го „изигра“ законот, името на „Шанса за Центар“ никаде не беше истакнато на билбордите кои беа поставени во Карпош, на „граница“ со општина Центар.
Од Државната изборна комисија за „Локално“ информираат дека било каква содржина која упатува на медиумско преставување на политичките партии и учесниците во изборната постапка пред започнување на кампањата како што се слогоани, знаци на билборди или паноа, упатуваа на прекршување на законот.
-Политичките партии и оние учесници во изборната постапката можат да вршат медиумско преставување или поставување на билборди само во време на изборна кампања согласно објавениот роковник на Државната изборна комисија кој започнува од ден 27 септеври и завршува 24 часа пред денот на одржувањето на првиот изборен круг односно од моментот на започнување на изборниот молк. Политичките партии и сите учесници во постапката од 27 септември можат да вршат медиумско преставување како и рекламирање на себе и на своите кандидати сето друго кое ќе излезе пред овој период претставува кршење на изборниот законот. Било каква содржина која упатува на нивно медиумско преставување како слогоани, знаци на билборди или паноа, упатуваа на прекршување на законот, велат добро упатени извори од ДИК за „Локално“.