Интегрално соопштение од претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски:
Како експерт и професионалец сметам дека јавноста треба да биде информирана за следните неколку предизвици поврзани со процесот на прочистување на Избирачкиот список и организација на изборите во целост.
ДИК беше формирана со задоцнување од околу 20 дена и ваквото задоцнување се одрази врз целокупниот процес на подготовка на изборите, вклучително и на подготовката за преземање на активности за проверка на избирачкиот список.
И покрај фактот што дел од приоритетите се исполнети во многу краток рок, како на примеризбор на генерален секретар, сепак, процесот на кадровско доекипирање на ДИК е проблематизиран поради институционални и нормативни пречки. Јавноста мора да знае дека во ДИК постои несоодветна екипираност во клучните сектори поврзани со Избирачкиот список: Секторот за ИТ, Секторот за избирачки список и правната служба, која е предвидена со новите измени на Изборниот законик. И покрај фактот што во моментот се одвиваат одредени активности, ваквата состојба го загрозува соодветното функционирање на ДИК и спроведувањето на нејзините активности во услови на скратени рокови, не само во поглед на политичката криза туку и во поглед на предвремените парламентарни избори.
Во согласност со законските одредби, процесот на контрола и прочистување наИзбирачкиот список ќе се води во фази. Првата фаза е спроведување на административни проверки, чии резултати треба да дадат основа и насока за спроведување на теренската проверка. Втората фаза е спроведување на теренска проверка на територијата на целата држава, која пак треба да ги детектира состојбите и клучните точки за интервенција во следната фаза. Третата фаза подразбира преземање на правни дејствија за прочистување на избирачкиот список. Треба да се знае дека со административните проверки и теренските проверки ќе се добие само дијагноза за состојбата на избирачкиот список. Во зависност од резултатите кои ќе се добијат ќе мора да се разговара за правните механизми кои треба да се воспостават за отстранување на евентуалните нерегуларности во избирачкиот список, како на пример, ДИК да добие одреден правен основ за бришење или дополнување на Избирачкиот список.
Имплементацијата на трите фази не може да се одвива паралелно, односно по завршување на првата фаза ќе се знае обемот и времетраењето на втората, а по завршувањето на втората ќе се знае обемот и времетраењето на третата фаза, со една единствена цел – да не се загрози квалитетот на процесот.
Во овој момент започната е имплементацијата на првата фаза, но истата е на самиот почеток во којсе уште се финализираат оперативните планови за нејзино извршување. Како и да е, определувањето на точни рокови во моментот е преголем предизвик, од причина што нема доволно влезни информации од сите релевантни институции кои имаат бази на податоци, а постојат и доста ризици, претпоставки и условености кои можат да го одолговлечат процесот на имплементација. Само за потсетување, четирите политички партии сеуште не успеаја да ги усогласат своите ставови во врска со методологиите за водење и вршење промени во Избирачкиот список.
Потенцирам дека сеуште не сме започнати со процесот на подготовка на оперативни планови за теренскатапроверка, затоа што обемот на операцијата во голема мера е детерминиран од извештаите од административните проверки. За теренската проверка ќе биде потребно ангажирање на голем број на човечки, материјални ресурси и време, со кои ДИК во моментот не располага.
Почитувани, јас во моментот не можам со сигурност да Ви одговорам колку точно денови со потребни за имплементација на фазите, меѓутоа сакам да истакнам дека кога законодавецот го донесувал Изборниот законик, точно определил колку време е потребно да се спроведат административните и теренските проверки на избирачкиот список.
Со новиот Изборен законик е предвидено дека двете методологии, за административна и теренска проверка на избирачкиот список, треба да бидат донесени најкасно во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на Изборниот закон. Ако имаме во предвид дека Изборниот законик е влезен во правна сила на 10.11.2015 година, произлегува дека двете методологии требало да бидат донесени најдоцна до 10.12.2015 година.
Од друга страна, доколку изборите се одржат на 24.04.2016 година, произлегува дека Собранието на Република Македонија можеда се распушти најрано на 24.02.2016. Со тоа започнуваат да течат и роковите за спроведување на изборните дејствија, а тоа значи дека ДИК прочистениот избирачки список треба да го стави на јавен увид на 05.03.2016 година односно 10 дена по распишувањето на изборите.
Според наведеното, јасно произлегува дека законодавецот по договор на четирите најголеми партии предвидел дека административната проверка на избирачкиот список, теренските проверкии на крај процедурите за бришење и дополнување на избирачкиот список треба да се извршат во периодот помеѓу 10.12.2015 година и05.03.2016 година, односно предвидел дека за оваа операција се потребни 85 дена, или скоро 3 месеци. Во овој момент методологиите сеуште не се усвоени, а до 5 март остануваат 48дена, што значи дека ние уштесега сме во задоцнување од 37дена.
Почитувани, сакам да Ве информирам и дека ДИК во однос на ова прашање направи бројни консултации со ИТ експерти.Според првичните оперативни планови кои не се формално усвоени од страна на ДИК,доколку активностите за административни проверки започнат од понеделник, 18 јануари,тие би можеле да завршат најрано на 20март, без притоа да дозволиме импровизации кои може да отворат простор за сомнеж и недоверба од граѓаните и политичките партии.
Почитувани, сакам да Ве известам дека сите овие три фази – административните проверки, теренските проверки и постапките за вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, согласно Изборниот законик, потребно е да се спроведат во периодот од денот на усвојувањето на двете методологии, до денот на ставањетона избирачкиот список на јавен увид. Проценките кои се базираат на некои анализи направени заедно со службитесе дека за овие постапки ќе ни бидат потребни некаде околу 3 до 4 месеци, за да може да добиеме доверба во избирачкиот список. На прашањето дали на 24 април може да се спроведатизбори, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и прочистување на избирачкиот список неможе да се спроведе, што значи дека неможе да се обезбеди ниту избирачки список во кој сите ќе имаме доверба.
Во овој краток рок проверката на Избирачкиот список може да биде импровизација, и со таква постапка ние нема да добиеме кредибилен Избирачки список и кредибилни избори.
Овие ставови во поширок контекст без задршка им беа презентирани на сите соговорници со кои одржав средби во изминатиот период.